Не со нас! – Не замрзнуваме за профит!
Заедно со сојузот #Несонас , ДГБ и другите партнери во Cојузот повикуваат на демонстрации на целата држава за Туринѓен
Се плашиме од зимата! Зголемените трошоци за храна и енергија нè засегаат сите нас. За луѓето со ниски и средни примања, за пензионерите, специјализантите, студентите, невработените, секојдневието е веќе едвај прифатливо. Затоа што ако Ha Есен масовно пораснат трошоците за Парнo Греење проблемите за сите нас ќе се влошат.
На 11 Cептември ќе го изнесеме нашето незадоволство на улица. Ние велиме: Не со нас!
Место на средба: железничка станица Ерфурт | Почнува во 14 часот
Не замрзнуваме за корпоративни профити!
Домувањето мора да биде достапно!
Вистинска компензација за инфлација сега!
Вистинска прераспределба сега!
Нашиот протест се заснова на убедувањето дека целите можеме да ги постигнеме само заедно и солидарно, со одговор кој го имаат сите на ум. Нема да дозволиме да бидеме поделени врз основа на бојата на кожата, потеклото, сексуалната ориентација, родовиот идентитет, религијата, попреченоста – затоа што разбираме дека ниедна општествена група не е проблем – туку недостатокот на солидарност во политичкото дејствување. Нашиот протест не ја негира климатската криза, не ја минимизира руската агресивна војна против Украина и не носи митови за заговор за моќните.